Свет

Ердоган му испрати писмо на Трамп со важна порака

ЕПА-ЕФЕ / Мурат Кула

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган испрати писмо до американскиот претседател Доналд Трамп во кое ја нагласува важноста на меѓусебните односи за време на пандемијата на коронавирус.

Ергодан му порача на Траму дека се надева дека американскиот Конгрес подобро ќе ја разбере стратешката важност на меѓусебните односи кога станува збор за солидарност и споделување на опрема за време на пандемијата на коронавирус.

Писмо до Трамп пристигна во вторникот заедно со турската медицинска опрема, вклучувајќи заштитни костуми и маски, соопшти канцеларијата на турскиот претседател.

Американскиот Конгрес претходно се закани со санкции против Турција поради набавка на системот С-400 од Русија, но пандемијата го одложи планот за активирање на системот додека Анкара се фокусира на борба против пандемијата.

„Се надевам дека во наредниот период ќе покажеме дух на солидарност во пандемијата, дека Конгресот и американските медиуми подобро ќе ја разберат стратешката важност на нашите односи“, рече Ердоган.

Турско-американските односи во последниве години исто така беа обременети од несогласувањата околу Сирија.

Related posts

Leave a Comment