Регион

ЕРДОГАН НАРЕДИ АПСЕЊЕ НА 223 ВОЕНИ ЛИЦА

 

Турската влада нареди апсење на 223 воени офицери низ земјата, за наводни врски со движењето на имамот Фетула Ѓулен, кој се смета за организатор на обидот за државен удар од 2016 година.

Осомничените се барани во 49 провинции во Турција и Северен Кипар, цитираше Ројтерс повикувајќи се на турската телевизија  ТРТ Хабер. Наводно, 100 осомничени работат во војската, 41 во воена авијација и 32 во морнарицата.

Во последните три години, од обидот за пуч во Турција, повеќе од 77.000 луѓе се уапсени, а околу 150.000 државни службеници или војни лица биле отпуштени или суспендирани, пренесува Танјуг.

Related posts

Leave a Comment