Свет

Ердоган се вжешти. Со Путин на жешка линија

АНКАРА – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган откри детали од телефонскиот разговор што го имал со рускиот претседател Владимир Путин, по ескалацијата на конфликтот во Сирија, во кој загинаа повеќе од 30 турски војници во последните неколку дена.

NAPETOST IZMEĐU TURSKE I RUSIJE! Erdogan poručio: Putine, skloni se s puta!

Разговарав на телефон со Путин. Отворено го прашав каква работа  има тој  во Сирија. Ако тој сака да задржи воената база, во ред, но нека ни се тргне од патот за да се пресметаме со сирискта војска  “, рече Ердоган.

Иако не е официјално потврдено, Ердоган и Путин треба да се состанат во Москва следната недела.

Во меѓувреме, во обид да ја  ‘оладат напнатоста‘ , делегации од Русија и Турција се состанаа во Анкара и потврдија дека целта на консултациите е да се намалат тензиите во Идлиб. Руската делегација го вклучува и сирискиот специјален пратеник на претседателот на Русија Александар Лаврентјев, заменик министерот за надворешни работи Сергеј Вершинин и претставници на Министерството за одбрана, додека турската делегација ја предводи заменик министерот за надворешни работи Седат Онал.

Официјална Анкара сега ги смета сириските трупи за легитимна цел.

‘‘Дамаск загуби 2.100 војници во Идлиб. Уништивме неколку складишта за хемикалии и оружје.  Борбите против сириските сили се неопходни за да се спречи хуманитарна катастрофа. Очекувам меѓународната заедница, а особено НАТО, да ја поддржат борбата на Турција против режимот на  Асад. Турската интервенција следеше затоа што сирискиот народ ни побара помош. Турција не сака територијално да се прошири во Сирија и не и е потребна сириска нафта “, додаде Ердоган.

Вчера, пак, на состанокот на водачите на владејачката партија Ердоган изјави  дека договорот, потпишан од Турција во 2018 година со Русија за деескалирање на насилството во Сирија, сè уште е на сила.

Related posts

Leave a Comment