Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја не може да се согласи за членство на Финска и Шведска во НАТО.
„Нема да кажеме „да“ за влез на овие две земји во НАТО “, рече Ердоган.
Турскиот претседател потсети дека овие две земји одбиле да го задоволат барањето на Анкара за екстрадиција на осомничените за вмешаност во терористички организации.
Ердоган, исто така, потсети дека Шведска и Финска воведоа санкции против Турција.
На 15 мај Финска објави дека официјално одлучила да се приклучи на НАТО. На 16 мај, шведската влада исто така одлучи да испрати апликација за влез на земјата во Северноатлантската алијанса.
Кремљ смета дека влезот на Финска во НАТО е закана за безбедноста на Русија. Руското Министерство за надворешни работи ја предупреди Финска за воено-технички одговор кога земјата ќе влезе во НАТО.