АНКАРА, 10 јули. Турција планира да ги искористи руски ракетните системи С-400 доколку земјата биде нападната, рече турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган пред новинарите по враќањето од Босна и Херцеговина.
“Некои луѓе не прашуваат зошто ги купуваме системите С-400 и правиме таква инвестиција.Ако се појави потреба, ќе имаме право да ги користиме. Ако некој не нападне, ќе ги користиме овие системи за воздушна одбрана. Ова е безбедносна инвестиција “, рече Ердоган, цитиран од весникот Хуријет.
Ердоган ги повтори плановите на Анкара во врска со заедничкото производство на С-400 системите. “Што се однесува до заедничкото производство, ние немаме никакви проблеми со Русија. На самиот почеток на нашите разговори со претседателот Путин постигнавме договор за тоа. Се надевам дека ќе започнеме заедничко производство, во моментов нема проблеми Сепак, оние што се против купувањето на С-400, продолжуваат да прават шпекулации “, истакна турскиот претседател.
Во меѓувреме, рускиот претседателски портпарол Дмитриј Песков на 29 јуни рече дека договорот за испорака на С-400 системите во Турција предвидел делумен трансфер на технологии.