Политика

Ердоган ја разреши турската амбасадорка во Македонија

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска со декрет ја разреши амбасадорката во Македонија, Тулин Еркал Кара, заедно со шефовите на турските дипломатски претставништва во неколку други држави, јави Хуриет Дејли Њуз.

Освен Кара, разрешени се уште 14 други амбасадори на Турција низ светот и тоа во Алжир, Бангладеш, Белорусија, Виетнам, Гамбија, Гватемала, Доминиканската Република, Естонија, Јордан, Казахстан, Туркменистан, Чад, Чиле и Шри Ланка.

Според декретот, на нивните места ќе се именуваат нови дипломатски претставници. Не се соопштува причината за ваквиот потег на Ердоган.

Related posts

Leave a Comment