Свет

Ердоган : Ја уапсивме сопругата на Багдади

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турските власти ги уапсиле сопругата, сестрата и зетот на починатиот лидер на Исламската држава Абу Бакр ел Багдади.

Сопругата, сестрата и зетот на Абу Бакр ел Багдади се уапсени во Сирија, рече турскиот претседател во своето обраќање на Универзитетот во Анкара.

Уапсена е сопругата, сестрата и зетот на Багдади (слика)

Ердоган рече дека Соединетите држави кренале многу врева околу смртта на Багдади.

„Тука сум и јас, за прв пат, објавувам: Ја фативме неговата сопруга, но не направивме врева за тоа. Ние, исто така, ги фативме неговата сестра и зет во Сирија“, рече Ердоган.

Ел Багдади имаше пет браќа и неколку сестри, а неговата сестра Расмија Авад беше уапсена вчера во северна Сирија во рација од страна на турските сили  .

Турските власти велат дека 65-годишниата Авадова би можела да обезбеди вредни разузнавачки податоци за Исламската држава.

Водачот на Исламската држава се  самоуби за време на акцијата на американските сили во Сирија  кон крајот на октомври со активирање на експлозивен појас.

Related posts

Leave a Comment