Парламентот на Естонија денес ја одобри резолуцијата во која се критикуваат постапките на поранешниот Советски сојуз во Втората светска војна.
Резолуцијата го критикува пактот Молотов-Рибентроп од 1939 година и нејзините тајни протоколи и пружа поддршка на Полска и другите европски земји, кои Русија наводно, неодамна ги назначи како одговорни за избувнувањето на Втората светска војна.
Авторите на документот, исто така, наведуваат дека руската влада се обидува да ја прекрои историјата и да ја негира улогата на СССР како еден од главните иницијатори на Втората светска војна.
Договорот за ненапаѓање помеѓу Германија и СССР беше потпишан во август 1939 година, во кој беше опфатен таен протокол со кој се делат сферите на интерес во Источна Европа во однос на независните држави Финска, Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Романија.
Инаку Естонија е држава во која рускојазичните граѓани кои ги има околу 40 %, немаат право на глас и немаат право на естонско државјанство. Од осамостојувањето од поранешниот СССР, Естонија зазеде цврста линија , одбивајќи да им даде државјанство на повеќето етнички руски семејства кои не живееле во земјата пред советската ера.