Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле, денеска зборуваше против заедничкото задолжување на европските земји за борба против ефектите од коронарната пандемија.
„ Обврзниците за корона не решаваат ниту еден проблем, кој не може да се реши со постојните инструменти“, рече тој за весникот ,,Цајт”.
Тој рече дека и во услови на криза, носителите на одлуки треба да се грижат за можните последици.„Ова повеќе не би било случај со заедничко задолжување. Ова нема да ја направи Европа посилна, туку послаба “, рече Шојбле.
Италија, Шпанија, но сега и Франција, ја повикаа ЕУ на заедничко задолжување за решавање на ефектите од пандемијата.Германија , како и Австрија, остро се спротивставуваат на ова, што во медиумите на погодените земји беше оценето како недостаток на солидарност.