Свет

ЕУ купува вакцини и апчиња против мајмунски сипаници

Европската унија (ЕУ) одлучи да купи вакцини и антивирусни таблети за борба против мајмунските сипаници, вирус кој е ендемичен во Африка и вообичаено редок на други места, изјави денеска шведскиот координатор за вакцини Ричард Бергстром.

„По неколку состаноци, беше одлучено да ја купиме вакцината и антивирусни апчиња“, изјавил координаторот, пренесува Ројтерс.

Како што е најавено, ЕУ ќе купува вакцини „Имванек“ од  компанијата Бавариан Нордик и антивирусни таблети „Тековиримат“ од Сига Технолоџис.

Бергстром изјави дека ЕУ сè уште нема потпишано договор со ниту една компанија.

„Но, ќе го направиме тоа наскоро. „Треба да имаме готов договор за една недела, а можеби и ограничени испораки во јуни“, изјави тој, пренесе Ројтерс.

Имванек е вакцина против сипаница, која е слична на мајмунска сипаница.

Од почетокот на мај, здравствените власти ширум светот следеа повеќе од 200 сомнителни и потврдени случаи на обично благи вирусни инфекции во 19 земји.

Варијантата на мајмунска сипаница поврзана со актуелната епидемија има стапка на смртност од околу еден процент, а досега не е евидентиран ниту еден смртен случај, наведува британската агенција.

Related posts

Leave a Comment