Мисли

Ефријал Лоранца : Будење

 

За успех во животот пред се и над се потребна е самосвестноста или будноста.Секој човек мора да се извлече од  хибернацијата и да излезе надвор од кругот, да разгледа околу него и  конечно да открие кој е,што е,каков е,каде е и каде оди.Тоа се прави со внатрешна и длабока желба и љубов ,самопочитување и самодоверба.потоа со љубопитност за откривање на нови работи.Прва и основна точка е да се има фокус и цел во животот, нахранете го вашиот фокус а изгладнете ги дитракциите бидејки ако немате цел во животот вие сте празна кутија.Втора и важна точка во животот е да се биде внимателен со луѓето затоа што и солта и шеќерот изгледаат исто но немаат ист вкус.Трета и исто така многу важна точка е игнорирање на негативните луѓе бидејки тие ќе ве оддалечуваат од вашата цел. ќе ви ја исцрпат целата позитивна енергија, притоа ќе ве наполнат со нивната негативна енергија.Од кога ќе ги направиме овие работи ќе бидеме способни да направиме избор во животот и нема да бидеме како коњите со амутот и уздите чиј коњаник не носи во провалија.

 

Ефријал Лоранца

Related posts

Leave a Comment