Свет

Забраната за абортус во сила во уште три американски сојузни држави

Илустрација

Законот за забрана на абортусот денеска стапи на сила во уште три американски држави, два месеци по одлуката на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави (САД) да го укине тоа право.

Законските измени стапија на сила во сојузните држави Тенеси, Тексас и Ајдахо.

Вашингтон пост пишува дека абортусот е забранет или пристапот до него е ограничен за 21 милион жени во најмалку 13 држави.

Врховниот суд, составен од шест конзервативни судии од вкупно девет, на 24 јуни го укина уставното право на абортус што беше во сила речиси 50 години и ја врати јурисдикцијата на секоја држава да донесува закони за ова прашање.

Откако Ро против Вејд беше отфрлен, 13 држави го забранија или ограничија пристапот до абортус.

Related posts

Leave a Comment