Македонија

Заев: Русија е против проширувањето на НАТО, но не ја води специјалната војна против Македонија

 

Русија не ја води специјалната војна против Македонија и покрај тоа што има јасен став дека против проширувањето на НАТО. Премиерот Заев вели дека Македонија и Русија негуваат соработка  и покрај различните стратегии, изјави Заев. Тој за измамата на руските хакери Заев вели дека нема поврзаност со руската администрација.

За потсетување, на прес конференцијата на Зоран Заев изјави дека Владата и нејзиниот протокол немаат намера да поднесат одговорност за телефонските разговори со руските комичари кои лажно се претставувале како генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и поранешниот украински претседател Петро Порошенко.

„Немам намера да поднесам оставка, од овој процес ќе излеземе посилни“ – oва на вонредна прес-конференција го изјави премиерот Зоран Заев.

Според него, ова не е прашање за кое треба да се поднесе оставка, туку да се извлече поука. Најави дека Владата набрзо ќе излезе со план за акција против ширење на дезинформации и зајакнување на протоколите за безбедна комуникација.

 

Извор Сител

 

Related posts

Leave a Comment