Македонија

Заев се извинува и изразува жалење што завршил на листата на руските комичари

 

 

Премиерот Зоран Заев изрази жалење што завршил на списокот на руските комичари, потсетувајќи дека пред него на истата листа завршиле и франсускиот претседател Емануел Макрон, претседателот на Турција, Реџетп Тајип Ердоган, првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг и други јавни личности и политичари.

На прес конференцијата закажана откако ноќеска на Јутјуб беа објавени негови разговори со руските комичари Вован и Лексус, кои го измамиле дека разговара со поранешниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Заев рече дека тој бил жртва на неговата преголема отвореност додавајќи дека во разговорите не оддал ниту една државна тајна.

Заев кажа дека нема да поднесе оставка, ниту пак, ќе поведе постапка за евентуална одговорност од лица вработени во владините служби.

Претходно пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, денеска изјави дека телефонските разговори, објавени на Јутјуб на премиерот Зоран Заев со руски „пранкери“ кои се претставуваат како украинскиот претседател Петро Порошенко, претставуваат сериозен дипломатски скандал.

„Најодговорен за овој скандал е премиерот Зоран Заев, но ништо помалку одговорни не се ниту министерот за надворешни работи Никола Димитров и дипломатскиот советник на премиерот Дане Талевски. Не може да се случи трипати во низа, во август 2018, јануари 2019 и април 2019, разговор со лажен претседател на Украина, што значи развиена е меѓусебна доверба и откривање многу чувствителни информации“, рече Милошоски на прес-конференција во Собранието.

Related posts

Leave a Comment