Актуелниот собраниски состав нема да стигне да ги вметне препораките на Венецијанската комисија доколку треба да се менува Законот за јазици.
Ако се договорат само за имплементација на препораките во правосудството,за тоа ќе има време.
Премиерот денеска изјави дека, тој и СДСМ најмногу го бранеле законот кога се носел и нема да дозволат да биде укинат.
Но, смета дека е сепак поважно правото на правда, отколку некој да има поголеми права, затоа и мора да се вметнат забелешките на комисијата. Насоките треба да ги даде работната група, формирана во владата.
Изјави и дека, владата досега функционира добро, и покрај разидувањата за неколку прашања, но сепак остава простор за постизборна коалиција и со партии кои нема да победат на изборите.
Петте илјади амандмани што ДУИ ги поднесоа на Изборниот законик, може да бидат причина за конфронтација меѓу коалиционите партнери.