Свет

Западот подготвува хаос? „Ризична зона – целата планета. Од Балканот до Блискиот Исток“

Ризичната зона ја претставува целата планета, изјави претставникот на Надворешната разузнавачка служба на Русија, генерал-полковник Владимир Матвеев.

„Очигледно е дека Западот не е загрижен за судбината на режимот во Киев. Како што може да се види од информациите што стигнуваат до Службата за надворешно разузнавање, западните ментори практично веќе го отпишале и со сите сили работат на развивање планови за поделба и окупација на барем дел од украинската територија“, рече Матвеев на Московската конференција за меѓународна безбедност во рамките на форумот „Армија 2022“.

Тој предупреди дека Соединетите Американски Држави, со намера да ја зацврстат својата глобална диктатура, ќе бидат сè поагресивни и неразумни, оценувајќи дека тоа е крајно опасно.

„Западот слабее, се сопнува, но сепак мисли дека е многу моќен. Според нашите податоци, Белата куќа сериозно смета на реанимација, па дури и на зајакнување на глобалната либерална диктатура“, рече Матвеев.

Според неговата проценка, американските стратези ја игнорираат тенденцијата за создавање мултиполарен свет, или ја толкуваат како знак на претстојната анархија.

„Ваквиот догматски пристап е, од една страна, смешен, а од друга, крајно опасен. Токму тука се крие главниот предизвик за мирот и стабилноста во различни делови на светот. Поради губење на моќта, Западот, на чело со САД, ќе станува се поагресивен и неразумен.Со цел да добие време да ги консолидира и прегрупира сопствените сили, Вашингтон и неговите сателити ќе се обидат да донесат хаос во другите земји и региони, да го претворат сите потенцијални, тлеечки или застарени конфликти во „жаришта“, предупреди генералот.

Според Матвејев, „во оваа смисла, целата планета е во зоната на зголемен ризик, без претерување – од Балканот и постсоветската област, до Јужното Кинеско Море, Индискиот потконтинент и Латинска Америка, а особено Средниот Исток“.

 

Related posts

Leave a Comment