Европа

Захарова: Го предупредуваме Зеленски, да престане со обидите за предизвикување голема нуклеарна несреќа

Захарова: Го предупредуваме Зеленски, постои закана од голема нуклеарна несреќа

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи објави соопштение во кое се обраќа до властите во Киев. 

Таа наведува дека ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, предизвикува зголемена загриженост. Захарова тврди дека таквата ситуација била „ескалирана од украинските власти“ наведувајќи дека Киев „шири дезинформации за наводното влијание на руските претставници во електраната за обезбедување на нејзината безбедност“.

„Постојано нагласуваме дека Русија покажа најголема одговорност во однос на украинските нуклеарни постројки и направи се што е во нејзина моќ за да обезбеди не само соодветно ниво на нуклеарна и физичка безбедност, туку и најголема можна транспарентност по ова прашање“, рече Захарова. 

Таа понатаму наведува дека на крајот на јуни 2022 година, Русија, заедно со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), предводена од генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, подготвувале посета на нуклеарните централи за да се потврди усогласеноста со безбедносните стандарди и спроведувањето на заштитни мерки, но дека посетата не се одржа бидејќи Секретаријатот на ОН одби да ја поддржи иницијативата на Секретаријатот на МААЕ под слабо оправдување за недоволна безбедност и лош тајминг за посетата. 

„Го предупредуваме режимот на Зеленски…

„Нарушувањето на посетата беше од корист на режимот во Киев и неговите западни спонзори, кои не беа задоволни што генералниот директор, експертите на агенцијата и меѓународните претставници вклучени во мисијата ќе имаат можност да ја видат реалната ситуација во СИ Запорожје и самите да се уверат во исправноста на неговото функционирање“, вели Захарова.

Таа го нападна режимот во Киев за нарушување на безбедноста на нуклеарната централа. 

„По прекинот на посетата, вооружените провокации на Киев врз нуклеарната централа се зголемија повеќекратно: беа извршени напади со беспилотни летала на територијата на централата, како и акции насочени кон заплашување на нејзиниот персонал. Руското Министерство за надворешни работи постојано ги пријавува овие инциденти во МААЕ“, вели Захарова. 

На крајот, Захарова заклучи дека акциите на Украина ги прекршиле сите седум принципи за нуклеарна безбедност формулирани од генералниот директор на МААЕ, игнорирајќи ги резолуциите на Генералните конференции на МААЕ од 1985 и 1990 година, во кои се наведува дека секој вооружен напад или закана од напад врз нуклеарни постројки ги крши принципите на Повелбата на ОН, меѓународното право и Повелбата на МААЕ.

„Го предупредуваме режимот на Зеленски да не продолжува со провокациите насочени кон најголемата нуклеарна централа во Европа, бидејќи тоа може да доведе до нуклеарна несреќа што ќе има последици не само за Украина. Ја повикуваме меѓународната заедница да биде внимателна по ова прашање и да ги осуди дејствијата на властите во Киев“, заклучува Захарова. 

Related posts

Leave a Comment