Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека Европската унија „од економска организација се претворила во одделение за економски односи на НАТО“.
Таа ја коментираше изјавата на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, за војната „која мора да се добие на бојното поле“, пренесе агенцијата РИА Новости.
– Еве ја вашата „економска организација“. Ова повеќе не е Европската Унија. Тоа е само одделот за економски односи на НАТО – изјави Захарова на својот Телеграм канал.Борел на својот Твитер профил денеска напиша дека „оваа војна мора да се добие на бојното поле“ и потсети дека за купување оружје на Украина се издвоени 500 милиони евра, додава РИА.
Touched by the resilience, determination and hospitality of @ZelenskyyUA & @Denys_Shmyhal.
I return with a clear to do list:
1. This war will be won on the battlefield. Additional €500 million from the #EPF are underway. Weapon deliveries will be tailored to Ukrainian needs. pic.twitter.com/Jgr61t9FfW
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) April 9, 2022