Свет

Захарова за најавите од САД дека во Русија се можни терористички напади: Како да го сфатиме ова?

Москва – Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова реагираше на предупредувањето на американската амбасада во Москва дека во Русија може да се случат терористички напади.

Захарова праша дали САД го споделиле своето знаење со своите руски колеги преку официјални канали.

„Прашање до Амбасадата на САД во Москва. Дали сте проследиле важни информации до вашите руски колеги преку официјални канали? Ако не, како треба да се разбере ова“, напиша Захарова на нејзиниот канал на Телеграм.

Да потсетиме, американската амбасада во Москва денеска упати итно предупредување до своите граѓани и ги повика да размислат за напуштање на таа земја.

Related posts

Leave a Comment