Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека заканите кон руските дипломати во Анкара се нелегални и дека одговорноста за кампањата против нив е на Турција.
Во интервју за телевизијата „ Русија 24 “, Марија Захарова рече дека секоја агресија и закана на социјалните мрежи или за време на протестите пред дипломатското одделение е нелегална, пренесува „ Спутник“ .
„Од оваа причина, силите вклучени во овие агресивни пароли и директни кампањи за информирање треба да разберат дека одговорноста и за протокот на таа информативна кампања и за нејзините последици е на Турција“, рече Захарова.
Според неа, може да се зборува за планирана кампања.
“Не можам да кажам точно кој стои зад тоа, но имам чувство дека тоа е изрежирана ситуација. Важно е да се има предвид и овој пат апелирам до Анкара , дека тоа е многу опасна тенденција. Лесно е да се поттикне, но тешко е да се смири” истакна Захарова.
Таа, исто така, потсети на трагичната ситуација во 2016 година, кога беше убиен рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов , забележувајќи дека се уште не е донесена судска пресуда.
Рускиот амбасадор во Турција Алексеј Jерхов порано изјави дека ескалацијата на ситуацијата во Сирија доведе до „лудило“ на социјалните мрежи, поради што и тој лично прима закани.