Свет

За навреда на Мухамед на Фејсбук четворица мртви во Бангладеш

 

Дака – Најмалку четири лица загинаа, а десетици беа повредени во неделата кога безбедносните сили во јужниот дел на Бангладеш отворија оган.

Безбедносните сили растурија стотици муслимани кои протестираа поради објавата на „Фејсбук“ која го навредува исламскиот пророк Мухамед, соопшти полицијата.

Насилството се случи во Борханудин за време на протестот на кој лутите демонстранти бараа казнување за Хиндуист во врска со неговиот наводен коментар на Фејсбук, соопшти полицијата.

Хиндуистот негираше дека го напишал контроверзниот коментар и тврди дека неговата сметка на Фејсбук е хакирана.

Според полицијата, повеќе од 10 нејзини припадници се повредени. Водечкиот весник во Бангладеш објави дека се повредени околу 100 луѓе.

Локалните власти денес одржаа состанок во обид да го смират гневот, кој не се намали од петокот кога контроверзната објава на Фејсбук го привлече вниманието на луѓето. Полицијата соопшти дека демонстрантите ги нападнале полицајците, барајќи од нив да реагираат.

После жалбата на  хиндуистот, полицијата уапси три лица осомничени дека ја хакирале неговата сметка на Фејсбук.

Бангладеш е парламентарна демократија чиј правен систем се заснова на британскиот непишан закон. И покрај барањата на тврдокорните исламистички групи, властите во Бангладеш веќе долго време одбиваа да изрекуваат построги казни.

Related posts

Leave a Comment