Политика

За официјална Москва протерувањето на рускиот дипломат е непријателски чин, најавени контрамерки

 

Руското МНР го оквалификува како непријателски чинот на прогласувањето на рускиот дипломат за персона нон грата од страна на Северна Македонија, истовремено нагласувајќи дека ваквиот чин не може да не влијае на односите меѓу двете земји.

Во реакцијата на руското Министерство за надворешни работи објавена на Твитер се наведува:

-На 14 мај беше преземен непријателски чин против руската дипломатска мисија во Северна Македонија. Локалните власти прогласија еден од дипломатите за персона нон грата. Ние силно ги осудуваме ваквите немотивирани активности, кои не можат а да не влијаат на односите меѓу Русија и Северна Македонија. Следуваат контрамерки, пишува во објавата на Твитер.

Инаку, на 14. мај рускиот амбасадор во Скопје, Сергеј Баздикин, бил повикан во македонското Министерството за надворешни работи, каде што бил известен дека еден руски дипломат е прогласен за персона нон грата и дека за неколку дена треба да ја напушти земјата.

-Дипломатот е протеран оти постапувал несоодветно со дипломатскиот статус, а постапките се документирани, истражени и потврдени од страна на Министерството за надворешни работи, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи. До сега МНР и Османи ги немаат обелоденето таквите постапки во јавноста.

Related posts

Leave a Comment