Свет

Зеленски го повика Путин на директни преговори

Киев – Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска го повика својот руски колега Владимир Путин на директни преговори за војната во Украина.

„Седнете на маса со мене, само не на 30 метри“, рече Зеленски, иронично алудирајќи на минатомесечните разговори меѓу Путин и францускиот претседател Емануел Макрон кога седеа на многу долга маса.

Зеленски на прес-конференцијата рече дека е поразумно да се водат преговори и дека секој збор е поважен од куршумите.

„Не гризам, од што се плашите?“, праша украинскиот претседател.

Втората рунда преговори меѓу украинската и руската делегација започна денеска во Беловежскаја Пушча на границата меѓу Белорусија и Украина.

Русија започна воена операција во Украина на 24 февруари, кога речиси милион луѓе ја напуштија земјата.

 

Related posts

Leave a Comment