Австрискиот канцелар Карл Нехамер на денешната прес-конференција по средбата со баварскиот премиер Маркус Седер изјави дека претходно имал телефонски разговор со украинскиот претседател Зеленски.
„Украинскиот претседател го започна разговорот велејќи дека доаѓа од земја за која не знае колку долго ќе издржи и дека зборува како претседател кој не знае колку долго ќе остане жив“, рече Нехамер.
Според Нехамер, Зеленски „се молел за помош на Европа и светот“ и „страува за опстанокот на неговата земја“. Австрија поддржува остри санкции против Русија, нагласи Нехамер.