Свет

Зеленски сака средба со Путин : Кремљ, Зошто? Со која цел?

Претседателот на Украина, Влаидмир Зеленски изјави дека неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин може да ги деблокира односите меѓу двете земји.

„Средба со Путин секако би ги деблокирала односите меѓу Украина и Русија, бидејќи претседателите треба да најдат излез на таа средба. Самата средба би била сигнал дека страните тоа го сакаат. „Се сретнавме, кажавме што мислиме дека треба, се слушнавме и видовме дали има смисла да се сретнеме за половина година и да продолжиме со разговорот“, рече Зеленски во интервју за РБЦ-Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека Москва постојано добивала сигнали од Киев дека сакаат самит, но целта на тие барања останала нејасна.
„Секој пат кога Киев нема да одговори на едноставно прашање: Зошто? Со која цел?“, рече Песков.

Според него, Киев предлага на средбата „да се разговара само за Донбас“.
„Им велиме: разговараите со луѓе од Донбас за Донбас, дали имате прашања за нас за други теми? Молчат“, објасни Песков.
Меѓутоа, во денешното интервју за РБЦ-Украина, претседателот Зеленски целосно ја отфрли можноста за дијалог со самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск.
„Нема да одиме на директни разговори со ДНР и ЛНР. Тоа е глупост. Ништо нема да решат. Зошто да губиме време?“, рече тој.
Италијанскиот премиер Марио Драги денеска пред италијанските новинари изјави дека прави се што може за да се сретне со Зеленски и Путин.
„За време на синоќешниот телефонски разговор Зеленски праша дали е можно да се организира негова средба со претседателот Путин. Тој праша дали Италија може да помогне. Истото барање го добивме и денеска (на состанокот на лидерите на ЕУ). Нема да биде лесно, но тоа е наша работа. Потребно е максимално искористување на сите канали на дијалог“, рече Драги.
Тој рече дека постои можност да ја посети Москва.

Related posts

Leave a Comment