Свет

Зигмар Габриел : „Европската унија доживеа неуспех“

Поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел ја обвини денеска ЕУ дека не успеала да се справи со кризата со коронавирус.

„Очигледно имаме една ЕУ само за добро време, затоа што во најголемиот тест од своето основање досега, доживеа целосен неуспех“, рече Габриел во изјавата за ЗДФ.

Тој во емисијата „Берлин Директ“ рече дека најлошото нешто било на почетокот дека дури и Германците не биле подготвени да испорачаат помош таму каде што луѓето паѓале и умирале во северна Италија. Габриел постави прашање дали ќе биде драматично ако Германија однесе 166 милијарди евра долг наместо 156 милијарди евра, а потоа ќе им стави на располагање на Италија и на Шпанија 10 милијарди евра како прва помош. „Двете земји веројатно ќе ни беа благодарни наредните 100 години да го направевме тоа. Тие ќе се сеќаваат дека соседните нации не сакаа да им помогнат, туку Кинезите“, наведе тој. Габриел истакна дека сега Германија создава впечаток дека делува како САД, и не само Германците, туку и секоја европска земја, а по принципот „прво мојата нација – мислиме на нас, а не нашите соседи“.

Related posts

Leave a Comment