Еве 8 камиони на грчката граница, премин Богородица. Возат наводен “Еко Отпад”. Ова е моменталната состојба, за половина час најдоцна 16:30 овој отпад ќе влезе на Богородица.
Секој месец доаѓа по најмалку еден огромен брод за Македонија од Италија, се растовара во пристаниште во Солун и со камиони шлепери патува за Скопје. најчесто Цементарница.
Според мојот извор, утрово во Солун се натоварени 16 камиони со носивост од по 24 тони, секој камион чини 30 евра Солун-Скопје.
Овој “Еко Отпад” во еден поголем дел содржи медицински отпад од Италија. Спореед мојот извор, возачите едвај ги возат камионите, оти многу смрдело тоа што го возат.
Доколку Јани Макрадули е заинтересиран ова да го контролира, може да ги почека камионите некаде на пат после Богородица, до Скопје.