Генералниот секретар на Демократски сојуз, Зоран Димитровски го обвини лидерот на ДПМНЕ,Христијан Мицкоски дека манипулира со граѓаните кога вели дека доколку има дво- третинско мнозинство во парламентот,ќе го промени уставот.
-Сите министри дадоа заклетва и потпишаа документ на кој стоеше Република Северна Македонија. Ова е се во функција на изборната кампања, Мицкоски морал да даде гаранции дека по избори мора да ги почитува меѓународните договори вклучувајќи го и Преспанскиот договор. Тој вели дека доколку има двотретинско мнозинство и бандетерово мнозинство ќе го промени Уставот, но знае дека тоа е невозможно од причина што албанските партии веќе се изјаснија дека нема да гласаат за нови уставни промени, вели Димитровски.