Македонија

Зоран контра Заев : ПАРТИИТЕ ДА СЕ СПРЕМАТ ЗА ИЗБОРИ НА 12 АПРИЛ 2020 ГОДИНА

Related image

После вчерашната изјава на Зоран,дека можно е одлагање на датумот за одржување на вонредните парламентарни избори поради ратификувањето за влез во НАТО од страна на собранието,денес Заев со спротивна изјава од вчерашната на Зоран.Тој порача политичките партии да ги подготват листите за кандидати за пратеници, 12 април е договорен датум за предвремените Парламентарни избори.Целата постапка околу ратификацијата за членството во Алијансата се очекува да биде завршена до 11 февруари, кога се распушта актуелниот парламентарен состав, рече Заев. Според него, сите проекции што се направени покажуваат дека останува само Шпанија, која на 10 месецов ќе одржи парламентарни избори, а конституирањето на новиот парламентарен состав во таа земја ќе биде на 3 декември, со што, според Заев, остануваат декември, јануари и десетина дена од февруари да се ратификува протоколот во нашиот парламент.

„Генерално не очекувам промена на датумот за изборите, но истовремено испраќам порака дека треба да ја знаеме одговорноста кон државата, а како што и бевме одговорни и да повикаме вееднаш на Парламентарни избори, како што бевме одговорни да седнеме и како разумни луѓе, да договориме датум за избори, сите заедно со консензус. Така секако сите треба да водиме грижа за интересите на државата“. – изјави Заев.

Related posts

Leave a Comment