Во една од земjите на ,,Балканскиот нарко триаголник” , Длабоката Држава брза да спроведе инсценирани избори , додека Трамповата ,кавалериjа, jа гази Сорошовата пешадиjа низ САД , а мелиоризациjата ја обезблатува неjзината биосфера.
Северодмакедониjа е државната форма коjа што владее со Република Македониjа и Македонската нациjа. Нарко-хунтата, во форма на ,,Пржинска влада” со страст на пубертетлиjа , климоглаво ги прифаќа наредбите од Калето надеваjќи се на продолжително управување со луѓето , особено со нивните парични средства во форма на државен буџет. Во мандатот, на било коjа страна од глобалистичкиот медаљон, во следните четири години ќе се соберат повеќе од десет милиjарди евра. Мотив , повеќе од доволен за излегување на избори во кои гласачите ќе избираат помеѓу : Застава 750 и Фиќо. Коjа е разликата ?! ќе праша разбудениот Македонец. Разликата е во тоа што : двете нозе им се исти – особено десната.
Првата страна , jа презентираат т.н. – лева партиjа , попознати како Jадачи ( израз на Коста Солев -Рацин за припадниците на КПМ )- СДС . Таа антимакедонска партиjа е препознатлива по : криминалната приватизациjа , фингираната воjна со терористите од УЧК , териториjалната поделба , албанизациjата на Република Македониjа , … етноцидот и културниот геноцид извршен врз Македонците , менување на името од нашата заедничка родина , Република Македониjа. Се разбира , во интермецата од една анационална операциjа до следната , Jадачите ги грабаат буџетот и природните ресурси . Марлоците од ,, Времеплов,, на Херберт Велс се нивните архетипови – алчни синоними.
Втората страна , т.н.- десна партиjа ,, Кабинетските патриоти ” ДПМНЕ, страдаат од , Стокхолмски синдром , и во нивната < вишиевска палата> ги потпишуваат дезинтеграционите решениjа донесени од Jадачите .
Во рериодот после ,заедничката акциjа за обезглавување на македонското лидерство на 27.04.2017 година, двете политички партии се незапирливи во своjот хунски напад врз последниот преостанат дел од древната македонска архаична самобитност и автентичност.
Останатите учесници во изборната инсценировка имаат две можности за самореализациjа:
-Да пронаjдат , убедат и активираат 3.000 опсерватори ,кои ќе ги контролираат сите изборни места во течение на тридневните – маратонски и скапи изборни денови.
-Или, да jа прифатат улогата на трабант- партиjа ( оние кои сеуште не прифатиле ), и да продолжат уште некое време да глумат Влада во анахрониот систем.
За да не се повикуваат системските политичари на < ефектот-златна риба>, треба да се наведат условите во кои се подготвуваат ,тридневни избори, во окупираната Република Македониjа:
-Вонредна состоjба од 18 март , иако таквата мерка може да се искористи само во течение на 30 дена.
-Два месеци од ,,животот,, во вонредни услови во кој < корона сектата> нареди карантинизациjа , коjа што од своjа страна резултираше со затварање на работни места , нарушување на уставното право за слободно движење, забрана за непречено внесување на кислород во белите дробови на граѓаните,
-Во време на вонредната состоjба , владата подели 500.000 евра за невладините организации кои се логистика на СДС за изборите , но ниту едно евро не подели на отпуштените 20.000 отпуштени работници во туризмот , транспортот или угостителството, но затоа градоначалниците и министрите на СДС вработиjа повеќе од 1.000 во државната администрациjа и локалните самоуправи.
– Владата , во вонредната состоjба врши поткуп на гласачите преку картички во износ од 25 милиони евра .
– Паралелно ,владата се задолжи со нови кредити за над 1 милиjарда евра, пари кои сигурно нема да завршат каj фирмите и вработените.
– Буџетскиот дефицит за 100 дена пандемиjа се зголеми за 300 милиони евра , а до краjот на годината сигурно ќе jа достигне цифрата од 1 милиjарда, и воедно наjава за тешка економска криза и дополнително губење работни места.
– Додека енергетскиот олигарх од редовите на < Jадачите> од СДС , Кочо Анѓушев , во < корона аферата> добива надоместок за своите компании.
– Македониjа го доби епитетот < нулта точка> во ,,корона пандемиjата ,, поради секоjдневното зголемување на броjот заразени со корона-вирусот.
– Корона вирусот на териториjата на северодмакедониjа е запечатена како < дух во ламба>. Може само да се прокрстари низ неа , без запирање – освен за физиолошки потреби.
Прашање е : како набљудувачите од < службата за изборна хигиена > ОБСЕ ќе допатуваат во светскиот епицентар на корона-вирусот? Или , ќе им ,учинат, на северномакедонските глобалисти, па со сино-белите Ленд Крузери од другите две држави од < Балканскиот нарко триаголник> ќе се доберат до македонските градови и села?
Сино- белите набљудувачи се неизоставна бутафориjа при секои избори без избор уште од раѓањето на Република Македонија. Без нив , системот, би се колабирал уште во 90-тите години на минатиот век.
Со театарскиот перформанс < избори без избор> состоjбата во нашата родина нема да се промени. Глобалистичкиот – робовладетелски систем веќе направил кастинг за нови лица на старите улоги , козметика на неговото збрчкано лице, продолжување на македонската девастациjа. Наместо со воскреснување , македонската катарза ќе заврши со разнебитување и самозаборав во следните неколку генерации, а историска одговорност за тоа, носи нашето поколение- кастрати на кое оскоминетата насмевка на бледоликите – странски Едикоjси им е помила од сопственото достоинство.
Со граѓанска незаитересираност кон ,изборите без избор , како што пишуваат португалскиот лауреат на Нобеловската награда за литература и Реибрук Ван, може да се постави темпирана адска направа во темелите на одиозниот глобалистички систем. После чистење на неговите остатоци од заедничката родина , ќе се изгради нов – суверенистички државен ентитет , држава во коjа Македонците ќе бидат jадрото на Македонската нациjа , држава во коjа : правото , еднаквоста пред законите , социjалната справедливост и националната соработка , ќе бидат гранитните столбови на слободна Република Македониjа.
Зоран Курљан