Колумни

ЗОРАН КУРЉАН : КРАКЕН

 

,, КРАКЕН ,, Сериjалот наjнов е логичен след на неколкуте ,, Октоподи ,, од нашево време, Првата сезона имаше фабула : – приватизациjа на општественото благо. Порасна сетне за неколку глави и jа продуцираа лесно истите , сими, сезоната ,, ТАТ,,. За денес , заплетот на настаните во македонската акциона драма ,, Кракен ,, jа зголеми потрошувачката на кокици ( пуканки ) и пиво во нашата земjа , соседството , а се чини залихите од овие производи на прехрамбената индустриjа и во Геjропа се топат како мразот во Гренланд. Актуелната администрациjа во САД исто така го засилува жарот под решетката на коjа седат со потскокнување ликовите од сериjалот. Како што се шири периметарот на деjствиjа во ,, Кракен ,, така излегуваат и нишките од кои е навезан гобленот ,, Рекет ,,. Можеби .нивните ,,клопчиња,, ќе го наjдат своjот почеток во далечната Америка , во работната соба на преди некое време преминатиот …во пензиjа екс гувернер на 51 ѕвездичка од нивното знаме . Но во истата ,,клапа ,, секоj со своj глас помагаа , а во некои партитури дури и солираа велепосланиците : од земjите нследници на Филип Оранжавиот , Карло Големиот , земjакот на Астерикс и еден чуден лик ; љубител на нудизам во друштво на мачки. Ги имаше и други , ама тие беа на втори , трети рољи или насмевнати статисти во одежда скапа. Оваа банда на опскурни персони го дизаjнира и ГМО-зира , горгулот СJО , составен од три дами , без ниту еден ас. Тоj , горгул , имаше декларирана цел : – да се справи со милиjардите украдени од Македониjа – пет на броj … И после три години и неколку потрошени милиони геjропски банкноти , платени од народни пари , пленот им беше , бронирана мечка , на чиви седишта повиени во англиска кожа , ги триеа задниците меки гостите на ,, челото со лузна ,,. И некаде тука , сполтен ко туљан , на голиот лед е одговорот на прашањето општонационално : Централната фигура од маичките во фемизирана форма затскриена зад еректираната буква- J , поверува во сказката слатка : дека може да ги рекетира олигарсите од ,, татковинската ,, партиjа – на жими маjка. Собираа арач од ,,нивната пот,, , спакован во дамски чанти , иако дама не видовме со нив. Ама , ги посака сепак нивниот Господ : не го покажаа носот во домот на Шиптар , и куртулиа така од промаjа в глава.Во состоjба на шок ,презервитарите , со шарена боjа се откажуваат од божицата своjа , не заради жестоката неочекуваност во нејзините дела , туку, ги изгоре фактот : -таа да jаде , а на другар(к)ите да не даде. Дури и пуленот на Сорош , просветлен , при старост од родното Сонце , се налути остро со спуштени веѓи , зошто наглоста лесна на неговите атоj го загрози планот за тивка давка на пленот што спие. Вчерашниот на-стап од Заjакот Роџер ни покажа како вчерашните ,,камаради ,, постанаа врагоj. па така им рече :,,Федери едни ,зарем со мене така. ,, вазелин ,, ви купив со вкус на цреша , а вие ми враќате вака ?,, На што тие одговориjа мигом : ,, Зарем ти на нас така , прославени друже ? Од ЛГБТ друштво- со ЛГБТ ребренд не стркала вудол,,. Со амнестираните ,, трагачи по човечки права ,, го здиви Агим алашверишот дружен и канибализам злозборен излезе на jаве… И некаде тука се раѓа апсурдот на нашето време . Опозициjата чека , како да нема бреме , есен да пукне , вино да тече , таа да може протести да свика за раната што пече.

 

Зоран Курљан

 

Related posts

Leave a Comment