Колумни

ЗОРАН КУРЉАН : НОВА ЈАЛТА

Trump says he trusts Putin's denials of election meddling - Reuters

Владимир Путин го напиша еден од наjважните текстови во досегашната државничка  кариера – за последниве години во еден ред со овој текст можат да се стават само кримскиот говор  од 17 март 2014 , и – настапот во Минхен во фебвуари 2007 г.

Сегашниот текст нема да стане говор – статиjата под име 75 години од Големата Победа : заедничка одговорност пред историjата и иднината> беше отпечатана во американскиот магазин The National Interest.

Да се прераскаже статиjата е комплексна задача, секоj збор во неа има значење, и без на големиот обем , таа се чита во еден здив. Да, статиjата е ,адресирана, пред се до Западот, но важна е во глобална смисла. Затоа што статиjата дава стамен поглед за причините за започнување на Втората светска и лекциите кои можат да се научат , а тие претставуваат проблем за ,, современото ,, читање на историjата , каj дел од западната цивилизациjа. Но , В.В. Путин не пишува само за тоа , но и за обидите да се препише историjата на воjната ,кои можат да доведат до нова трагедиjа. И , го обjаснува механизмот коj што помага да не се случи глобална катастрофа.

Статиjата истовремено емоционална ,но со концентрирана фактографиjа – некои од фактите се малку познати и за експертите – историчари.

На пример , претседателот Путин пишува : < Во септември 1939 година советското ракрводство , согласно договорот со Берлин , имало можност да ги превижи сопствените граници на запад  до Варшава , но донеле решение да не се прави тоа, затоа што СССР , до последен момент се трудел да го избегне учеството во разгорениот конфликт и не сакал да игра на страна од Германиjа  >. За подоцна , реалниот контакт на советските и германските воjски да се случи многу поисточно од договорениот таен протокол за границите , не по линиjата на  реката Висла, туку по линиjата на Керзон.

Т.е. СССР се ограничил само со враќање на западно-украинските и западно-белоруските земjи – и В.В.Путин ги цитира зборовите на поранешниот англиски премиер-министар Лоjд Џорџ : < Руските армии зафатиjа територии , кои не се полски ,тие биле освоени од Полска после Првата светска воjна. Би претставувал  акт на престапно безумие обидот да се изедначат руската и германската промоциjа на вредности>.

Концепциjата на рускиот претседател е прецизна и jасна: Втората светска воjна не започнала одеднадеж , детонаторот  за неjзиното активирање не бил пактот Молотов- Рибентроп, а Минхенскиот заговор ,договорен меѓу западните држави со Хитлер во август 1939 година. Уште подлабока причина бил Версаj , односно резултатот од Првата светска воjна и вградениот после неа меѓународен систем. Вграден , меѓудругото без СССР и според многу показатели против СССР , но во прв ред против Германиjа. Врховниот командант на соjузничките воjски , францускиот генерал  Фош , пророчки го окаректеризирал Версаjскиот договор :<Ова не е мир , ова е примирjе на дваесет години>.

Националното понижување , формирало хранлива животна средина за радикални и реваншистички чувства во Германија. Нацистите ,вешто играа со тие чувства , ветиjа дека ќе jа ослободат Германиjа од , Версаjското наследство , ќе го  вратат стариот сjаj и сила , а всушност го туркаа германскиот исфрустиран народ во нова воjна.

Парадоксално , но САД и ВБ имале директно учество во неjзиното разгорување. Нивните финансиски и индустриски кругови прилично активно инвестирале капитали во германските фабрики и фирми – производители на воена техника и опрема.

Како гарант за долгорочен мир била формирана Лигата на Нации , прогресивна идеjа ,по оценка на Владимир Путин, но таа jа демонстрарала своjата неефективност, едноставно тонеjќи во празни разговори.

Благодарение на доминациjата спрведена од државите – победнички – Велика Британиjа и Франциjа , многуброjните апели на СССР за формирање рамноправен систем за колективна безбедност не биле слушнати. На пример : < бил проигнориран предлогот за создавање источно-европско и тихоокеанско пактирање, кои би можеле да бидат препрка за агресорот > .

Со согласност од Лигата на Нации се случило и расчленувањето на Чехословачка , после Минхенскиот заговор , против кое истапила само СССР.

Минхенскиот заговор му покажа на Советскиот Соjуз , западните земји ќе ги решаваат безбедносните прашања без да водат сметка за неговите интереси , а при првиот удобен случаj можат да формираат антисоветски фронт. Но , без оглед на  дволичноста од западните лидери , СССР стапи во антихитлеровата коалициjа.

Истиве заклучоци се запишани и од Сталин , коj може справедливо  да се обвини за злочините врз сопствениот народ и масовните репресии , но не и во отсуство на разбирање карактерот на надворешните опасности.

Воедно , В.В.Путин напоменува < Хитлер во неколку наврати се обидел да предизвика судир меѓу Велики Британиjа и Советскиот Соjуз, но советското раководство не се согласило на хитлеровите убедувања- тоа е историски факт коj претпочитаат да  го заборават тие кои го набедуваат  СССР за предизвикување на воjната. И наместо да го признаат клучното значење на Минхенскиот заговор, или да ги отворат за jавноста сите материjали од разговорите со Хес, тие продолжуваат да jа влечат истата линиjа :Виновни се Хитлер и Сталин. Т.е. спроведуваат ревизиjа на историjата , што може да има многу сериозни последици>

Путин отворено негодува над подлоста и предавството врз сеќавањата и изживувањето над спомениците посветени на воините , како и хероизациjата на нацистите.

Целата евроинтеграциjа и сите европски структури , вклучително и Европарламентот , станаа реалност < само благодареjќи на лекциите напишани во минатото , нивите строги правни и политички оценки >

Притоа , европската иднина не зависи од самата Европа , а од вградениот систем , после Втората светска воjна , на меѓународни односи . Имено на , Jалтскиот систем   на меѓународни норми, му е посветен завршниот дел од оваа статиjа.

Квинтесенциjа на интелектуалните и политички пограги во период од неколку векови е послевоениот Jалтски систем. Сталин , Рузвелт и Черчил  покажале огромна политичка волjа, се подигнале над несогласувањата и личните страсти и ги поставиле на прво место вистинските интереси на Светот.>

Самиот факт за избегнување Трета светска  воjна во време на ладната воjна – е доволен показател за ефективноста на Jалтскиот систем, коj што е неопходно да се искористи и денес.

Затоа ,  В.В.Путин ги нарекува неодговорни повикувањата за одземање  правото на вето за постоjаните членки во СБ при ООН , односно да го деградираат во Лигата на Нации – собрани за празни разговори , лишени од инструментите за деjство врз светските процеси ; и како тоа ќе заврши- се запознаени сите.

Но , како да се живее во епоха на промени ? Се е во процес на менување . Се менуваат глобалниот баланс на силите , влиjаниjа во социjалните , економските  и технолошките основи во општеството , државата , цели континенти , планетарно ниво. Во минатите епохи , нагласува В.В.Путин , такви предвижувања , практично секогаш биле пропратени со големи воени судири , без кои било невозможно да се изгради новата глобална хиерархиjа. Т.е. воjната е неизбежна , а послевоениот систем не работи ?

НЕ- пишува авторот на статиjата – и повторно им одава почит на , Големата троjка ,.

Но, за да може системот создаден од ,троjката , да ги одржува безбедносните механизми , тоj треба да се усоврши. И денес , како и во 1945 година , важно е да се покаже политичка волjа и заедно да се разговара за иднината.

Всушност , рускиот претседател им предлага на Си Цзинпин , Трамп , Макрон и Џонсон да се подигнат на нивото од Сталин , Рузвелт и Черчил, напоменуваjќи при тоа , за согласноста коjа веќе ја изразиле за предлогот : Оваа година  да се одржи прва во историjата средба на , Големата петка, ( при jануарската средба во Ерусалим) . В.В. Путин очекува таква лична средба да се случи при првата таква прилика.

Дали средбата во овај формат , ќе ги исполни условите за споредба со Jалта 1945, е прерано да се оцени. Но, би значела одговорност ( не само пред своите нации ) , важен чекор кон релативно стабилизирање на  меѓународната турболентност ( засилена со здравствената криза ) .

Рускиот претседател е решен да jа земе врз себе одговорноста за носење решениjа. Неговото искуство , како и полната власт , Кинескиот претседател , исто така , ја осознава сериозноста на моментот. Можеби , Големата троjка , ќе ја зголеми меѓусебната  доверба со американскиот претседател . Очигледно , французот Макрон е промовираниот нов лидер на ЕУ.

Западните лидери , имаат проблеми со мандатите за преговори, но сепак важно е да се направи првиот чекор , за да не се наjдеме во ситуациjа   коjа ќе налага ваква средба , во услови слични на тие , под кои преговараа : Сталин , Рузвелт и Черчил.

Политичкиот ,габарит, на личностите  игра улога , но историскиот , габарит , на времето се jавува како предизвик со сила на коjа не може да и одолее автентичниот и духовно силниот лидер.

Зоран Курљан

Related posts

Leave a Comment