Колумни

Зоран Јованоски: На тие на кои што сèуште не им е јасно, еве им соџвакано…

На тие на кои што сèуште не им е јасно, еве им соџвакано…
(Прочитајте го ова 2-3 пати. Од еднаш нема да ви биде јасно…)
Француското вето за наш почеток на пристапните преговори со ЕУ, воопшто не било случајно. Убеден сум дека тоа било резултат на геостратешки компромис на делови од „политичкиот запад“ со официјална Москва, како резултат на новонастанатата состојба со стратешкото нуклеарно оружје кое Русија го разви во песледниве (особено) 5 години, кое сега може да патува со хиперсонична брзина, и е надвор од домет на било каков систем за одбрана, но и нуклеарните руски подморници кои при експлозија можат да предизвикаат СУПЕР цунамиа уништувајќи приморски градови на непријателски земји.
(за ова подетално говорев во едно мое госување во емисија, пред 10-тина дена, чии линк ќе го оставам во коментар од оваа објава…)
За разлика од Америка и Британија (во иронија кажано) како НАЈАКТИВНИ земји членки на ЕУ (но и Германија е со нив, за жал, како единствена реална замја членка на ЕУ), останатите земји членки на унијата не се толку РЕВНОСНО заинтересирани за проширување на унијата, а особено НЕ по цена на нови проблеми, и со менталитетот на тие земји, но и проблеми со Русија.
Останатите земји членки на унијата како Франција, Италија, Шпанија имаат и почит и разбирање, и соработка со Русија, и тие не гледаат ОПАСНОСТ од Русија како Англосаксонските земји, иако прво наброениве се многу поблиску до Русија од Англосаксонските анти-руски хушкачи.
Мислам дека идеата за формирање на т.н „европска политичка заедница“, која што Франција и Италија ја проектираат за нас, е всушност пред сè идеа на Русија, да нè ослободи нас (предоминантно православните држави) од стегите на Брисел и Вашингтон, но и геостратешки да ја задоволи и Русија.
Во оваа унија е проектирано да членуваат Грузија, Ерменија, Украина, Молдавија и земјите од т.н „Западен Балкан“, (како што реков погоре предоминантно ПРАВОСЛАВНИ ДРЖАВИ) кој што ќе бидат политички НИ ИСТОК, НИ ЗАПАД, и ќе бидат задоволени и руските и западните интереси, НО И НАШИТЕ ИНТЕРЕСИ.
И ние ќе бидеме со тоа оставени на раат од понатамошни силувања од страна на Америка во рамките на нивниот геостратешки интерес, и малтретирања, кои до сега ги трпевме.
Земјите членки на т.н „европската политичка заедница“ ќе можат да соработуваат и со „политичкиот исток и со политичкиот запад“, и нема да мораат да слушаат директиви од Брисел и Вашингтон.
И…
Фактот што земјите членки на „Европската Политичка Заедница“ СЕ ПРЕДОМИНАНТНО ПРАВОСЛАВНИ ЗЕМЈИ, исто така мене ми говори дека Русија има интерес тие да не бидат 100 процентно интегрален дел на „политичкиот запад“, и сака да биде оставено простор и за нејзино влијание врз овие земји (што е природно), а оваа политичка заедница не е исклучено во иднина да биде проширена и со Бугарија, но и некоја евентуално друга држава од поранешниот „источен блок“.
Ова ќе биде најправедно решение за нас кој и вака и онака не се вклопуваме никаде, затоа што сем во срцето со Русија, а западот како такви не нè сака. А не нè сака и поради некои други работи, но овој текст неможе да трае предолго…
____________________________________________________________________
p.s
Инаку, средбите за формирање на силно про-руско ЛОБИ во ВМРО-ДПМНЕ, траат од почетокот на војната во Украина па навака. Тие не се во насока за смена на раководството, туку само за влијание врз курсот на раководството кој што малку си подзаборави на која партија се раководство, но сèуште ја имаат нашата поддршка, но ќе мора малку да ги појачаме со „МАШКОСТ“.
НАЈМАЛКУ што ни треба сега се поделби!
При евентуални такви поделби, има сериозна можност да СДСМ остане на власт (или го пролонгира падот), а таа опција е НАЈЛОШАТА опција за нас Македонците, и на тоа особено МОРА да внимаваме.
Но ќе мора да балансираме влијанија во партијата, и да сме репрезенти на волјата на членството, а не на волјата на „Калето“ и делови од политичкиот запад.
Поради фактот што многу поддржувачи на ова ЛОБИ се вработени во специфични институции како МВР, АРМ, но и други слични институции, до сега избегнуваме да ги експонираме со објава на фотографии, за да ги поштедиме од непријатности на нивните работни места затоа што Македонија е сепак членка на НАТО, а наскоро ќе има фотографии од други симпатизери на ова лоби, кои немаат причина да бидат анонимни. Секој член на ВМРО-ДПМНЕ (но и МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТ) е добредојден во оваа лоби група, и доколку побара, ГАРАНТИРАМЕ анонимност.
Ако Америка, Британија и Германија ни ставаат НОЖ ПОД ГРЛО, и ни велат ИЛИ/ИЛИ, ние сме за тоа да им покажеме СРЕДЕН ПРСТ, и да им речеме FUCK OFF!
Сакаме СЛОБОДА!
Сакаме независна држава со сопствена независна надворешна политика, а не истата да ни ја води „Калето“ или за жал НАМЕТНАТАТА наша влада, а онаа влада долу на Илинденска да биде влада само „за локална самоуправа“.
Нејќеме притисок. Сакаме соработка и со истокот и со западот. Нејќеме да бидеме ОВЦИ на англосаксонските овчари. Ние сме нешто поинаку. Нешто многу послично со Русите, отколку со нив.
Нејќеме да бидеме нивна војска за против братска Русија!

Related posts

Leave a Comment