КолумниМакедонијаПолитика

Зоран Јованчев : Во дива држава како што е Северна, само народот може да ја врати државата.

 

Како ќе ја вратиме Р.Македонија ?

Северна не беше дел од ниту една политичка платформа, таа не доби легитимитет на ниту едни избори, напротив Северна го прекрши Уставот на Р. Македонија, законите, меѓународното право и Референдумот како највисок степен на демократско изразување.

Креирана е од странски служби, за странски интереси ова парче земја да биде дел од НАТО, но не како суверена земја, туку како недефинирана територија која допрва треба да се преуредува по мерка на западните интереси.

Свежи ни се сеќавањата на заканите на Зоран Заев со странската служба кон премиерот на Р.Македонија, социјалните инжинери на соросовите институти со упатствата за рушење на влада и нивните активности на терен, како и терористичкиот упад од западниот протекторат Косово, за кој нашите безбедносни служби претходно со месеци барале разузнувачки информации, а истите не се добиени од вашите западни стратешки партнери.

Ги имаме сите елементи на хибридна војна со која се рушат државите во светот. Истото сценарио беше за Ирак, Сирија, Либија, Украина, неуспешно во Венецуела, се проба во Иран, пред некоја недела Хонг Конг итн.

Во странскиот проект Северна соучесник е комплетниот општествено политичи систем.

Но соучесник е и изборниот процес кој со фалсисфикување записници, издавање на државјанства, носење косовски автобуси, истурање милиони евра на избирачи од социјално загрозените средини служи на туѓите ненародни интереси.

Како понатаму ?

Во дива држава како што е Северна, само народот може да ја врати државата. Политиката ја изгуби довербата на народот, истото е и со економијата, факулетите, институтите, верските институции, мислам на елитите кои ги водат.

Новите политички партии, иницијативи, движења, допрва треба да ја изградат таа доверба и тоа е долг процес, нивното време допрва доаѓа.

Ако се појде на избори ќе се стане соучесник на Северна, но и ако се појде на избори од некакви прагматични причини вие влегувате во касапница на демократијата од каде денот по изборите излегувате сакат.

Потребен е целосен ресет и подигање на нов систем, ова не се шминка повеќе, прегрдо е!

А кој го може тоа ?

Само народот, тој кој работи од утро до мрак и кој ги полни 3,4 милијарди евра народна каса, буџет на Р.Македонија, кој денеска е ограбен од дивата Северна.

Јас излезот го гледам во сенародни мирни достоиствени протести без водство на политички партии, само под бајракот на Македонија.

Протести со голема масовност каде народот ќе ги означи сите институции кои го предале, каде ќе се именуваат тие кои го извршија државниот удар и каде ќе се побара меѓународна истрага за државниот удар Северна.

Протести кои нема да бидат водени, на кои нема да има бини, говори и микрофони, туку само јасни барање за враќање на државата во служба на народот, демонтирање на Северна, враќање на Р.Македонија и одговорност на сите кои беа дел од проектот Северна.

Протести кои ќе изнудат пад на нелегитимната Хунта, техничка влада која ќе организира избори во Република Македонија а не нелегитимната Северна, и тоа во фер и демократски услови со 1 изборна единица и непристрасни медиуми. Избори во кои народот вистински одлучува а не е само декор на демократијата.

Може да се креира координативно тело, кое нема да води, туку само ќе помогне во подобро организирање и поставување на барањата од народот.

Јас би повикал до демонитирање на Северна, сите да заборавиме на партиската определба, национална, верска и да се обединиме во името на законот, правото, правдата и тоа што не поврзува со многу љубов, Р.Македонија.

Тоа е мојата визија како да излеземе од нелегалната Северна, која се повеќе наликува на лудница, коцкарница и перална на пари во едно и џокери кои постојани пристигнуваат од запад.

Зоран Јованчев – Член на И.О. на РОДИНА

Related posts

Leave a Comment