КОРОНА 19, КАКО ВИРУС И КАКО АЛАТКА ЗА ГЕОПОЛИТИЧКИ ПРОМЕНИ
Епидемиолозите ги изнесоа своите размисли за овој вирус кој го носи името Ковид 19, мутација на Корона вирус. Мерките и нивните препораки секако треба да се почитуваат.
Статистиката излезе со податоците за смртност во последните неколку месеци, нема драстично зголемување на починати, се е тоа во некои „природни“ рамки.
Најнеприродна е реакцијата на оваков тип на вирус со драстични мерки, карантин, затворање на граници,односно државите, стопирање на целокупната економска активност.
Паниката која се крена околу овој вирус, вистински го оптерети здравствениот систем, но настаните што веќе започнаа да се случуваат во позадината на сето ова ја наговестуваат новата ера во развојот на човештвото и една од најголемите геополитички промени во историјата на планетата.
Историјата сведочи за И-сторените работи, кои во последните 200 години изобилуваа со војни, оркестрирани револуции, геноциди, концентрациони логори, етнички чистења и кревање на елита која посака да ја владее планетата со љубовта кон моќта, а не со моќта на љубовта, која е единствена креативна и здрава сила во универзумот.
Нашиот македонски народ веќе 2000 години е на удар на Рим и неговите наследници и слуги.
Ограбувани се нашите културни и духовни храмови, школи, библиотеки а после грабежот спалувани.
Фалсификувана е целата историја од пред античко време, античко, после Христа, со единствена цел, отпаднатите од Бога да владеат со лажната Слава.
Тие не се срамат да ја фалсификуваат и историјата од пред 75 години и улогата на Советскиот Сојуз во поразот на фашизмот.
Нашите Бели градови до темел урнати, поделена земја, етнички чистења, во антиката, после Христа, средновековието, 1913, 1948, 2001, економското во 2020.
Името Македонија и се што потсеќа на Македонија први го забранија Римјаните, продолжија Отоманите, да на крај се затвори кругот повторно со Рим, односно Вашингтон, подигнат од Језуитскиот ред на Ватикан, кој на Вашингтон му го дадоа името Рим и го подигнаа налик на Рим.
Кругот се затвори.
Денеска се отвара нов круг, круг на детронизирање на елитата која ја љубеше моќта, која го изли златното теле, која плукна на Бога, која направи огромни злодела кон човештвото.
Започнати се апсења на таа елита.
Нивниот глобален поредок, каде планетата беше поле за безкруполозно молзење на нејзините ресурси, непрестано поробување и рушење на суверените народи и земји, континуирано грабеж на колективното, човечкото добро, заврши, завршија огледалцата и шарените играчки во замена за нашата земја.
Крај е и за лажниот бог доларот, хартија која се печати во огромни количини во приватна печатница на неколку најголеми американски банки, се разбира без покритие, односно единственото покритие му беше „Колтотот“ на слепоочницата. Имаме интересни изјави во деновите што поминаа на официјалните претставници на власта на САД, каде се исмеваат со штампаријата ФЕД и повикуваат самите граѓани да си додаваат нули на банкнотите.
Цел систем кренат на енергијата од фосилите и се што умира, нафтата и тоа завршува, цената на нафтата вртоглаво паѓа.
Да потсетам дека човештвото имаше светол научник од земјата на Родот наш Славен. Името му беше Никола Тесла, кој ја даде бесплатната енергија, чистата енергија, користење на енергијата на светлото, космосот која е во неограничени количини.
Завршува целиот отпаднат систем кренат во илузија, лага, манипулација, смрт.
Крај е на лажната солидарност на ЕУ, која е чиста корпоративна рекетарска шема на глобалистите.
Нивните проект за депопулација, мигрантски криза, уништување на автохтоните народни култури и унифицирање и креирање на граѓанин на светот, односно биоробот на кој ќе му требаат постојано апчиња од фармацевската мафија, заврши, со одредени штети по одреден број од популацијата.
Завршува и времето на елити кои го ограбуваат народот, тука се и нашите македонски елити, кои во изминатиот период само тоа и го правеа и ги редеа велепредавствата, едно, по друго.
Новото време никој неможе да го предвиди, но ќе зависи од сите нас, од нашиот однос и општествена одговорност кон нашата земја, народ.
Македонецот како древен народ во себе Го Носи (Гносис) целото знаење на своите предци, кои повеќе од 2000 години креираа држави, државни концепти, глобални концепти, градови, учителски школи, писма, духовни концепти, Вистинијановото Право, Свети Климентовиот Универзитет кој е 200 години пред Болоња, ренесансата, уметноста, кирилицата, богомилите…..
Новото време е време на вистинските вредносни системи, на вистински елити, на благото на нашиот народ, тие 3 до 5% благородни Македонци и Македонки кои ќе треба да го поведат народот на патотот кон Суверена Македонија и да кренат целосно нов, односно древен автохтон македонски систем со суверена монетарна власт, храбра војска која брани име, чесен суд кој правдата му е прва, достојни и морални политичари, даскали во вистинска смисла на зборот, а не марионети на темнината, итн итн….
Суштината на Сувернизмот е служење на комплетниот државен апарат и елити на сопствениот народ, но и на човештвото. Народот е почеток и крај, а не НАТО, ЕУ и утре било која друга организација.
Секој народ ќе треба да одговара за својата држава, секоја елита ќе треба да биде репрезент на својот народ и избрана од народот во вистинска демократија и само како суверени народи и земји да се соработува за подобар и поубав свет.
Нашите елити слуги на Глобалниот темен светски поредок кои извршија велепредавство и сквернавење на светиите на Македонија, исто така ќе бидат предмет на утре новиот чесен народен суд на Република Македонија, од тоа нема бегање, нема авиони, државите ќе имаат повторно суверени граници.
Битка за Македонија е наша, но е и заедничка битка со другите народи за поубав и поправеден свет.
Ние во Родина Македонија сме посветени токму на тој пат, Суверена Независна Богата Македонија, која е издигната материјално, духовно, повторно да биде светилник на светот и најубавото место за живеење на децата на големата МАјка, Македонија.
Зоран Јованчев, Родина Македонија