Свет

ЗОШТО ЗАПАДОТ МОЛЧИ ЗА ЦИВИЛНИОТ МАСАКР ВО ДОЊЕЦК? Песков: Кремљ е разочаран од недостатокот на реакција од лидерите на ЕУ и САД

 

Официјален Кремљ е разочаран од недостатокот на реакција на лидерите и политичарите во земјите на Европската унија и САД за смртта на цивилите во ракетниот напад на Вооружените сили на Украина врз Доњецк на 14 март, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Би сакал да го свртам вашето внимание и да ви кажам дека сме длабоко разочарани што ниту европските лидери, ниту мојата колешка секретарот за печат на Белата куќа Џен Псаки, ниту нејзиниот шеф, американскиот претседател Џозеф Бајден, ниту лидерите на меѓународните организации, ниту раководството на НАТО, ништо не кажаа ниту вчера, ниту денеска за Доњецк, а не кажа ништо ниту за оние цивили кои настрадаа од проектилите истрелани од Вооружените сили на Украина – изјави Песков,  јави руската агенција ТАСС.

Тој нагласи дека никој од споменатите не зборувал „за ужасите што се случиле во Донбас, ниту пак некогаш ги осудиле“.

– Нема да дадам никаква оценка во овој поглед. Само сакам да го кажам тоа и ги повикувам сите да обрнат внимание на ова – изјави портпаролот на Кремљ.

Официјални лица на самопрогласената Народна Република Доњецк вчера соопштија дека делови од соборената ракета „Point-U“ истрелана од украинските војници паднале на земја во центарот на Доњецк и дека најмалку 23 лица загинале, а 18 се повредени .

Одговарајќи на новинарско прашање дали денеска е можен дијалог меѓу Москва и Вашингтон и каква било нормализација на односите, Песков рече дека нема сомнеж оти рускиот претседател Владимир Путин ќе покаже политичка волја за нормализирање на односите со САД доколку Вашингтон заземе конструктивен став.

Песков потсети дека Путин „отсекогаш бил за градење добри односи засновани на меѓусебно почитување и подготвеност да се земат предвид меѓусебните загрижености“.

 

Related posts

Leave a Comment