Ако просто мнозинство во парламентот е половината од присутните пратеници +1 , апсолутно мнозинство 60+1, тогаш двотретинско мнозинство е 80+1. Математичката и логичката доследност го велат тоа. Впрочем, тоа го велат и некои учебници и прирачници по право.
И сега се прашувам: Зошто Мицко кога зборува за двотретинското мнозинство, кое според него било единствен начин за да се вратат работите назад, ја потенцира бројката од 80, а не 81 пратеник? Дали сака да го амнестира незаконското отворање на уставот во декември минатата година со 80 пратеници „за“ или едноставно не е доволно писмен?
Климе Новески