Активистката на СДСМ која и е позната на македонската јавност по контроверзната изјава упатена до припадниците на полицијата за време на шарената револуција,Куманово да ви се деси,напиша емотивен статус на својот ФБ профил по повод аферата Рекет.Инаку веќе подолго време на својот фб профил таа нема пардон кон катастрофалните потези на раководните лица од нејзината партија и многу често жестоко ги напаѓа.
Кога Камчев ги брои парите, низ горчина се сетив на следново:
-Дека со помалку од две такви банкноти децата со посебни потреби треба да поминат цел месец;
-Дека со помалку од две такви банкноти туѓа нега добиваат лицата кои се неподвижни;
-Дека за три такви банкноти сонуваат децата сирачиња за да одат на одмор;
– Дека со пет такви банкноти поминува семејство цел месец, плаќа струја, вода
-Дека поради четири такви банкноти едно семејство сонува одмор;
-Дека со четири такви банкноти шивачките немаат ден одмор и мораат од тие банкноти да враќаат на газдата
-Дека поради две такви банкноти треба да собираме фискални цела година и да ги скенираме;
-Дека поради пет такви банкноти пазарџиите без ден слободен седат на тезга на жешково и молат да им се купат производите
Дека сте расипани до срж и дека не ве интересира обичниот граѓанин. Дека во Северџанија сеуште има места каде што нема вода, канализација, каде што деца не отишле на здравствен преглед, а трудници се пораѓаат дома и не отишле на гинеколошки преглед.
Многу е убав животот кучешки што го ветивте-ЖИВОТ ЗА СИТЕ!!!
Просто човек да си умре од убаво.