Вицепремиерот и министер за култура на Полска Пјотр Глински изјави дека нема место за руската култура во јавниот простор.
– Руската култура мора да исчезне од јавниот простор… Не е време за руски балет, не е добра сезона за Чехов, па дури и за Пушкин. Не зборувам за ансамблот Александров – рече Глински.
Ваквиот однос кон руската култура и традиција веќе е забележан во Полска, но и во остатокот од Европа.
Потсетуваме, минатиот месец во Полска беше урнат Споменикот на војниците на Црвената армија во директен пренос на полската национална телевизија.
Од другата страна н„Бикока“ во Милано, го суспендираше предавањето за Достоевски „како би се избегнала полемика во овој тежок момент на тензија“, а за таа одлука предавачот бил известен по електронска пошта.