Израелските трупи во средата убија 12-годишно палестинско момче на окупираниот Западен брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Израелската војска не го коментираше инцидентот што се случи додека момчето се возеше со автомобилот на неговиот татко во близина на градот Хеброн на јужниот дел на Западниот брег.
Момчето било застрелано во градите, соопшти палестинското Министерство за здравство, а тоa починалo неколку часа откако билo пренесенo во блиската болница, пренесува Ројтерс.
За време на пукањето немало немири во областа, соопштија локалните жители.
Западниот брег е меѓу териториите каде Палестинците бараат државност. Насилството тамуtlee откако преговорите спонзорирани од САД меѓу Палестинците и Израел беа прекинати во 2014 година.