Израелските медиуми утрово објавија дека во несреќата загинале три лица.
Сириската државна новинска агенција САНА доцна синоќа објави дека ракетите истрелани од борбен авион предизвикале ограничено оштетување на базата Т-4 за која се верува дека ја користат иранските сили и сојузничките шиитски милиции.
„Нашата одбрана веднаш се спротивстави на непријателските проектили и собори повеќе од нив. Четири стигнаа до целната област и предизвикаа само материјална штета“, објави агенцијата, повикувајќи се на воен извор.
Нападот се случил после 10 часот по локално време синоќа, при што авионот пристигнал од регионот Ал-Танф во источна Сирија.
Израелската армија не го коментираше инцидентот.
Нападот се случи во време на големи тензии во регионот по атентатот врз лидерот на иранскиот Кудс, генерал Касем Сулејмани во напад на беспилотни летала во Ирак.
Сулејмани се сметаше за архитект на иранскиот проект за консолидирање на Сирија, кој Израел го опиша како закана која треба да се отстрани.
Најновата проценка на израелската воена разузнавачка служба, доставена до владата оваа недела, изјави дека отстранувањето на Сулејмани му дала на Израел можност да ја запре консолидацијата на Иран во Сирија.
Таа земја и претходно го обвинуваше Израел за напади во повеќе наврати врз базата Т-4 која се наоѓа помеѓу Хомс и Палмира, потсетуваат израелските медиуми.
Израелските официјални лица велат дека базата ја користат иранските сили како дел од споменатите напори во Сирија, што Израел вети дека ќе ги спречи.