Далас-Десетици илјади домови и продавници во Далас останаа без струја заради торнадо што го погоди тој американски град.
Налетите на ветерот што го погодија Далас достигнуваат 140 милји на час, а во 16 окрузи во Тексас прогласена е декларација за катастрофа,пренесува АП.
Неколку куќи беа сериозно оштетени недалеку од аеродромот, додека самиот аеродром не претрпе материјална штета.
Во источна Оклахома загинаа три лица, од кои две се тинејџери кои починаа од труење со јаглерод диоксид додека се обидувале да вклучат светло, додека едно лице загинало кога дрво падна врз неговата куќа.
Аеродромите во Северен Тексас и Арканзас ги откажаа летовите до и од меѓународниот аеродром во Далас.