Свет

Илјадници луѓе протестираат во центарот на Лондон против мерките за карантин и социјално дистанцирање.

 

Илјадници демонстранти се собраа денеска пред плоштадот Трафалгар во Лондон да протестираат против мерките за карантин и мерките за социјално дистанцирање.

Овие мерки беа воведени за наводно да се спречи ширењето на коронавирусот.

Лондонската полиција ги предупреди демонстрантите да ги почитуваат мерките за дистанцирање.

Уште пред почетокот на протестот, полицијата објави дека припадниците на органите за спроведување на законот прво ќе им објаснат на демонстрантите дека мора да ги почитуваат мерките за дистанцирање, но дека ќе мора да применат соодветни мерки доколку одбијат да го сторат тоа.

На почетокот на протестот, се виде дека полициските службеници се наоѓаат околу група демонстранти, од кои многумина не носеа маски, но не им се спротивставуваа, според Асошиејтед Прес.

Демонстрациите се ограничени додека парламентот се подготвува да го ревидира законот за Ковид19 и додека владата воведува нови ограничувања за контрола на ширењето на вирусот. Некои пратеници ја критикуваа владата за воведување нови мерки без претходно одобрување од парламентот.

ЕПА-ЕФЕ / ЕНДИ ДО RAД

Британската влада претходно оваа недела објави дека на баровите и рестораните низ целата земја ќе им биде забрането да работат по 22 часот.

Одредбите за задолжително носење заштитни маски се заострија, како и казните за нивно непочитување.

Забрането е собирање на повеќе од шест лица, освен во случај на протест. На протестите може да се соберат поголеми  број луѓе, под услов организаторите да достават проценка на ризикот за организирање на собирот и да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање.

Минатата недела беше организиран сличен протест на истото место, а полицијата тврди дека неколку припадници на агенциите за спроведување на редот биле повредени во таа пригода, откако мал број демонстранти станале насилни.

Велика Британија е на прво место во Европа по бројот на случаи на Ковид19, со досега наводно регистрирани скоро 42.000 смртни случаи.

Бројот на наводно новоинфицирани, хоспитализирани и починати пациенти значително се зголеми во текот на последните неколку недели, додека потврдените случаи на Ковид 19 во моментов бројат над 423,000.

ЕПА-ЕФЕ / ЕНДИ ДО RAД

 

Related posts

Leave a Comment