Од пред неколку месеци на политичката карта во Македонија се појави нов политички субјект под име ИНТЕГРА под раководство на Љупчо Ристовски кој на јавноста и е познат како пастор на Методистичката црква и како носител на некоку функции во владите на СДСМ и ДПМНЕ ( што е мошне симптоматично ) во периодот од 2002 до 2015 година.
Од своето формирање па до сега ИНТЕГРА настапува со цврста ,,родољубива,, реторика и гласно го критикува штетниот преспански договор за промена на уставното име и со тоа ги добива симпатиите на граѓаните кои се противат на штетните национални политики на владата на Зоран Заев и инертноста по тие прашања на актуелната парламентарна опозиција преводена од Мицковски.Навидум се се сведува на тоа ,дека во ИНТЕГРА разочараните граѓани може да пронајдат своевиден заштитник по клучните национални прашања.Но дали е тоа така ? Во наредниве неколку редови ќе се обидеме да фрлиме повеќе светло врз проектот ИНТЕГРА.
Една од основните заложби во програмата на ИНТЕГРА е стратешки сојуз на нашата држава со САД , а како дел од тој сојуз Ристевски и ИНТЕГРА се заложуваат за инсталирање на софистициран американски ракетен систем од типот ПАТРИОТ на македонска територија кој наводно би не штител од ракетен напад од блискиот исток,претпоставувам од Иран затоа што освен Иран јас не гледам друга земја на блискиот исток која може да развие или поседува ракети со таков дострел со исклучок на Израел кој веќе се вбројува во земјите кои поседуваат оружје од среден дострел кое би можело да дофрли до Македонија ,но Ристовски воопшто не ни помислува да го вброи Израел како потенцијална опасност по нашата безбедност и напротив во неговите последни изјави внимавајте Ристовски се залага за блиски односи од секаков вид помеѓу нашата држава и еврејската држава .Што е овде симптоматичното ? Да тргнеме чекор по чекор :
Сведоци сме деновиве на предконфликтна ситуација на блискиот исток конкретно помеѓу Иран и САД со кумување на Израел каде во последен момент Доналд Трамп го откажа воздушниот напад на САД врз Иран. Веднаш неколку дена потоа Израел лансираше опсежен ракетен напад врз Сирија како еден од стратешките сојузници на Иран но и на Русија што е уште повеќе ризично затоа што вовлекувањето на Кремљ во воено сценарио на блискиот исток може да има апокалиптични последици,рековме апокалиптични? да токму апокалиптични.Е сега е клучното прашање на кого му оди во прилог апокалиптично сценарио и кој се труди од петни жили да го протурка.Имено државниот секретар на САД Мајк Помпео и потпредседателот на САД Мајк Пенс се токму најгласните лобисти за воена разврска на блискиот исток пред се со Иран.Помпео и Пенс како и Ристовски се дел од апокалиптични ,,христијански,, групации кои сметаат дека е дојдено времето да се остварат пророштвата за крајот на светот опишани во евангелието по Јован.Токму во тоа евангелие се вели дека во последните времиња сите евреи ќе се соберат во еврејската држава и ќе бидат нападнати од своите непријатели и со тоа војската на ,,праведните,, се мисли на армијата на САД ќе интервенира како би се исполнило пророштвото.Во прилог на ова оди заложбата на Трамповата администрација за признавање на Ерусалим како главен град на еврејската држава и во последниве месеци најавата за присоединувањето на спорниот регион на Голан( бивш дел од Сирија ) кон државата Израел најавено лично од Трамп.Клопчето полека се одмотува,говорејќи за стратешки сојуз со САД и Израел како и инсталирање на ракетен штит на наша територија Ристовски полека не припрема за катастрофално воено сценарио режирано од неговите протестанско методистички ментори.Рековме во такво можно сценарио би се вклучила и Русија од страната на Иран а прашање на време е само кога Ердоган и Турција ќе ги следат( неслучајно се забрзува инсталирањето на руските системи С-400 на турско тло ).Во таков еден глобален конфликт Македонија би била легитимна мета ,,доколку нели кај нас се инсталира американски систем ПАТРИОТ,, за руските ракети.Тоа би било шлаг на тортата која ЕУ,САД и НАТО ни ја приготвија од Пржинскиот договор навака.
Па побогу како Ристовски може да продава патриотизам кај македонските граѓани кога е очигледен експонент на Неоконзервативното воено лоби на САД!?
Тој и не крие со кого ги унапредува своите стратешки контакти па така на 3ти овој месец на социјалните мрежи се пофали дека се сретнале на Работна средба со главниот директор на американскиот ИРИ – Меѓународен републикански институт, г. Овен Паун.каде што оствариле Одлична работна атмосфера и меѓусебна почит…
Понатаму истиот ден тие објавија:
Меѓународното вмрежување на ИНТЕГРА продолжува со несмален интензитет. После работните средби со Јоханес Рау од Конрад Аденауер и со НДИ – Националниот демократски институт, попладнево на работна средба и со Францускиот амбасадор Тимоние.
Токму овие организации- ИРИ и Конрад Аденауер беа прозвани изминативе години како најактивни лобисти за промена на уставното име на Република Македонија и главни лобисти за брз влез на Македонија во НАТО,а францускиот амбсадор Тимоние со кого Ристовски очигледни има блиски релации,деновиве имаше крајно антимакедонски навредувачки изјави за нашата земја.
После овие наводи не е тешко да се заклучи дека Ристовски и ИНТЕГРА се само уште еден тројански коњ вметнат насила меѓу патриотски расположените граѓани со цел да ги одвратат од вистинско македонско автентично делување и здружување со цел враќање на државата во нормала и исправање на сите неправди кои на Македонија и се нанесуваат од осамостојувањето до денес од страна на меѓународните преставници и домашните петтоколонаши.
Сторијата продолжува наредните денови.