Свет

Иранскиот претседател ја нарече Белата куќа “ментално ретардирана” поради неодамнешните санкции

 

 

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека санкциите против Техеран го покажуваат “очајот” на американската администрација, нарекувајќи ја Белата куќа “ментално ретардирана”. Рохани истакна дека санкциите против врховниот лидер ајатолахот Али Камнеи се залудни, бидејќи тој нема сметки во странство.

Изјавата доаѓа откако иранските дипломати ја критикуваа американската политика кон Исламската Република.

“Наметнувањето бескорисни санкции против иранскиот Врховен лидер [ајатолахот Али Хамнеи] и командантот на иранската дипломатија [министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф] е постојано затворање на патот на дипломатијата”, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Абас Мусави.

Американските санкции, насочени кон највисоки ирански државници, се случија по соборувањето на американскиот беспилотно летало од Исламската револуционерна гарда минатата недела. Според Техеран, пратечкиот авион и шпиунскиот дрон П-8 Посејдон, го прекршиле  воздушниот простор на земјата.

Во врска со инцидентот, Трамп изјави дека САД планирале да се одмаздат со воен напад, тврдејќи дека тој  ја запрел операцијата  10 минути пред својот почеток, со цел да се избегнат диспропорционални жртви.

Related posts

Leave a Comment