Иранските вооружени сили ќе го таргетираат срцето на Израел доколку го направат и „најмалиот потег“ против Исламската Република, изјави претседателот Ибрахим Раиси на денешната воена парада.
Заканувачката изјава дојде во време на застој во разговорите меѓу Техеран и светските сили за заживување на нуклеарниот пакт од 2015 година. Израел, за кој се верува дека го има единствениот нуклеарен арсенал на Блискиот Исток, не верува во прилог на таков договор и тврди дека нема да биде обврзан со ниту еден ирански нуклеарен договор. Покрај тоа, Израел се заканува дека на крајот ќе преземе еднострана акција против иранските нуклеарни локации
„Ционистички режиму [Израел], треба да знаете дека… ако преземете и најмал чекор против нашата нација, нашите вооружени сили ќе го таргетираат самото срце на вашиот ционистички режим“, рече Раиси во телевизискиот говор на воената парада по повод денот на Националната армија.
Војниците маршираа пред подиумот каде што стоеше Раиси со воените офицери. Нив ги прелетаа хеликоптери, а падобранците слетаа над просторот за парада во близина на гробницата на ајатолахот Рухолах Хомеини, основачот на Исламската држава. САД и Иран се вклучени во индиректни преговори повеќе од една година за да го спасат пактот кој Доналд Трамп одлучи да го напушти. Вашингтон се откажа од договорот во 2018 година и повторно ги воведе санкциите кон Техеран. Но, разговорите беа прекинати минатиот месец поради нерешеното прашање дали Корпусот на Исламската револуционерна гарда (армијата што го одржува политичкиот поредок на државата по револуцијата) е на списокот на странски терористички организации. Барањето на Техеран беше Вашингтон да ги отстрани овие воени сили од списокот.
Иран го обвинува Израел за неколку напади врз објекти поврзани со неговата нуклеарна програма и за убиство на ирански научници во секторот. Израел ниту ги демантираше, ниту ги потврди наводите. „Нашата стратегија е одбрана, а не напад“, рече Раиси, додавајќи дека „иранската војска многу добро ја искористи можноста за санкции да се зајакне, а нашата воена индустрија сега е во најдобра состојба“.