Иранскиот пратеник нуди награда од 3 милиони долари „за ликвидација на американскиот претседател Доналд Трамп“, објави иранската новинска агенција Исна.
„Во име на луѓето од провинцијата Керман, ќе платиме парична награда од 3 милиони долари на секој што ќе го убие Трамп“, изјави Ахмад Хамзех пред парламентот, цитираше иранската агенција Исна.
Хамзех не прецизираше дали одлуката за закана кон американскиот претседател Доналд Трамп ја донеле иранските верски водачи, забележува Ројтерс.Британската агенција посочува дека Керман е родно место на иранскиот воен командант Касим Сулејмани, кој беше убиен на 3 јануари во напад на беспилотни летала во близина на Багдад.
URGENT: Iranian lawmaker Hamzeh offers three million dollar award for 'whoever kills Trump' – reports https://t.co/0dE87M1AO5 pic.twitter.com/cez7vsKR0a
— Sputnik (@SputnikInt) January 21, 2020