ВЛАСТИТЕ на Иран и Аргентина поднесоа барање за приклучување кон БРИКС, изјави Марија Захарова.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација дополнително објави:
„Додека Белата куќа размислуваше за тоа што друго во светот може да биде откажано, забрането или корумпирано, Аргентина и Иран поднесоа барање да се приклучат на БРИКС.
Неколку часа претходно официјалниот претставник на иранската дипломатија Саид Хатибзадех објави дека неговата земја формално бара членство во БРИКС.
Помошникот на Владимир Путин за надворешна политика, Јуриј Ушаков, изјави дека Москва „позитивно гледа на проширувањето на БРИКС“, но истовремено предлага, пред сè, да се утврдат процедурите и условите за можните кандидати.
Минатата недела се одржа дводневниот 14-ти самит на БРИКС под претседателство на Кина.
На првиот ден – во формат на видео конференција – учествуваа Путин, премиерот на Индија Нарендра Моди, претседателот на Бразил Жаир Болсонаро, претседателот на Јужна Африка Сирил Рамафоса и претседателот на Кина Кси Џинпинг.
Вториот ден се одржа сесија на тема градење „партнерство за глобален развој во новата ера“ за заедничко спроведување на агендата за одржлив развој во 2030 година.
чествуваа не само лидерите на петте земји на БРИКС, туку и шефовите на некои од поканетите земји, меѓу кои Аргентина и Иран.