Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за Иран и за други прашања, кратко изјави Белата куќа.
Лидерите разговараа за заканата од Иран, како и за други критични билатерални и регионални прашања“, се вели во соопштението.
Односите меѓу Иран и САД се влошуваат уште од минатата година кога Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор на Техеран со светските сили од 2015 години и воведе санкции за таа земја.