Свет

Ирачкиот парламент побара од Владата : ИСФРЛЕТЕ ГИ АМЕРИКАНСКИТЕ ТРУПИ

Поддржувачи на иранскиот режим во Багдад

Ирачкиот парламент изгласа барање до владата да го раскине договорот за сместување на американските трупи во Ирак.

Овој потег би значел протерување на американските трупи од Ирак, пренесува Дојче веле.

Во вонредна седница, законодавците гласаа за резолуција во која се повикува владата да го раскине договорот со Вашингтон за 5.200 американски војници  стационирани во Ирак.

Резолуцијата конкретно бара да се стави крај на договорот од 2015 година, кој му овозможи на Вашингтон да испрати војници во Ирак за да им помогне во борбата против „Исламска држава“.

Ирачките власти го повикаа на разговор американскиот амбасадор Метју Тулер поради американскиот воздушен напад во која загинаа иранскиот командант Касем Сулејмани и ирачкиот воен претставник.

Related posts

Leave a Comment